ТАБ МАК постојано ги почитува основните принципи на социјална одговорност:
- Фер и еднакво однесување на вработените, слободен избор на вработување, без принудна работа, трговија со луѓе, затворски труд
- Етички и фер бизнис, слобода на здружување и колективно договарање
- Почитување на основните човекови права
- Одговорно однесување кон животната средина
- Нема детски труд, недискриминација, вознемирување и злоупотреба
- Безбедно и здраво работно место
- Чесен однос кон локалната заедница и пошироката заедница
Нашите вработени се одликуваат со желба и посветеност на работа, високо ниво на знаење, самоиницијативност, упорност и професионален став.
Раководството на претпријатието ќе ги создаде сите услови потребни за постигнување на поставените цели и континуирано подобрување на ефикасноста на системот за управување со квалитет и управување со животната средина.
ТАБ МАК го почитува правото на нашите вработени да се приклучат кон, да формираат или пак, да не се приклучат кон некој синдикат, без страв од одмазда, заплашување или вознемирување. Таму каде што вработените се застапувани од законски признат синдикат, посветени сме кон воспоставување на конструктивен дијалог со нивните независно избрани претставници. Ние ќе преговараме во добра волја со таквите претставници.
ТАБ МАК се стреми да обезбеди еднакви можности за сите свои вработени и нема да врши дискриминација во било кој аспект при вработување врз основа на раса, религија, етничко или национално потекло, возраст, инвалидитет, сексуална ориентираност, политичко убедување, пол или материјален статус.
Во сите аспекти при вработување, регрутација, бенефиции, обука, промовирања, трансфер и престанок на работен однос, ние праведно ќе ги третираме поединците, согласно нивните можности за исполнување на барањата и стандардите за нивното работно место.
Ниту еден вработен нема да подлежи на физичка, сексуална, расна, психолошка, вербална или било каква форма на злоупотреба.
Политика на ТАБ МАК е усогласување со сите локални закони за работни односи вклучувајќи ги законите за дискриминација
Обезбедуваме безбедно и здраво работно место и ги почитуваме важечките закони, регулативи и внатрешни барањаза здравје и безбедност. Посветенисме на одржување на продуктивно работно место со минимизирање на ризикот од незгоди, повреди и изложување на ризици по здравјето.
Посветени сме на соработувањето со нашите вработени за континуирано да се подобрува заштитата при работа во нашите работни места, вклучувајќи и идентификување на опасности и решавање на прашања во однос на здравјето и безбедноста.
Забрануваме држење на кое било лице во ропство или како слуга, користење на кои било форми на присилна, врзана или задолжителна работа и вмешаност во трговија со луѓе.
Претпријатието не смее да вработува или експлоатира деца Ги почитуваме сите локални закониза минимална возрастна вработување.
Работиме во целосна усогласеност со применливите закони за плата, работни часови, прекувремена работа и бенефиции.
Доколку сте убедени дека има потенцијален прекршок на оваа политика, може да пријавите потенцијални прекршоци кај Раководството, Човечки ресурси, Правниот оддел или Прилагодување на бизнисот.
Компанијата го задржува правото да ја измени оваа политика во секое време.
Политиката се објавува на веб страната tab-mak.mk, eDocs и Z:\TAB MAK informator.
Пробиштип, февруари 2022 година
Генерален директор на ТАБ МАК
Петер Верчко