На ден 21.10 2022 компанијата Таб Мак ДООЕЛ Пробиштип организираше работна посета на сервисери и купувачи од Република Северна Македонија. На наше посебно задоволство беше гостувањето на купувачи и сервисери од соседна Србија. Целта на оваа посета беше запознавање на самиот процес на производство и производствениот капацитет на компанијата. Во рамките на посетата се одржа презентација на нашите производи и новитетите како Li-ion батерии.
Компанијата Таб Мак е во постојано унапредување на своето производство и задоволување на барањето на автомобилската индустрија и пазарот за индустриски батерии