Комплет летна и зимска униформа, набавена од Армор Плус ДОО Скопје.
Униформите се од материјал со висок квалитет скроени по Правилник за Униформи и опрема за потребите на пожарникарите на РСМ.
Набавката е извршена од страна на ТАБ МАК како резултат на повеќегодишна соработка помеѓу Стопанските претпријатија и Општина Пробиштип во сите области, а во овој случај конкретно во областа на заштита и спасување.
Општината Пробиштип, ТППЕ и ТАБ МАК имаат потпишано Меморандум за соработка во областа на Заштита и спасување и оваа соработка која трае повеќе години на обострано задоволство и оваа набавка е резултат на таа соработка.