Мерки за вработените за спречување, превенција и ширење на КОРОНА ВИРУС

1. Поради прекин на воспитно-образовниот процес на сите нивоа,  донесен ез аклучок во семејствата кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот. Овој заклучок сеоднесува и на самохраните родители.

Вработените кои користат оправдано отсуство од оваа причина, до надлежните организациони единици за човечки ресурси во нивните институции да достават доказ/потврда за основот на користење на ова оправдано отсуство,  (потврда издадена од детската градинка или уплатница за платен надомест за престој во детска градинка, копија од патна исправа за возраста на детето или копија од извод од матична книга на родени, потврда за редовен ученик од образовните институции или копија од свидетелство).  Родителите на децата кои не посетуваат детска градинка или не се вклучени институционално вовоспитно–образовниот процес, не се ослободени од работа и извршување на работни активности.

2. Следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:

•           Бремените жени;

•           Хронични респираторни заболувања;

  • ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44
  • Астма – J45
  •  Интестицијална фиброза – Ј84

•           Тешки кардиоваскуларни заболувања;

  • Срцева слабост со EF< 6 месеци
  • Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци
  • Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија
  • Тешка аортна и митрална стеноза
  • Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
  • Имплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
  •  Длабока венска тромбоза до 3 месеци

•           Дијабетес  мелитус:;

  • Дијабетес  тип I – инсулин зависен
  • Дијабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ

•           Малигни заболувања; и

•           Имуно-компромитирачки состојби

  • Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0
  • Хроничен нефротичен синдром – N04.9
  • Интермитентна хемодијализа – Z99.2
  • Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00
  • Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31 – M34.
  • Цистична фиброза (E84), а доколку дете е болно од истата, ослободен од работа е и еден родител G35 - мултиплекс склероза (имуносупресивна состојба) кои се на хронична терапија.
  • I30 Акутен перикардит
  • K51 Улцеративен колитис и K50 Кронова болест кои се на имуномодулаторна терапија (Azatioprine), биолошка или биослична терапија.
  • Z94.4 Состојба со трансплантиран црн дроб.

3. Вработените кои користат оправдано отсуство согласно донесените заклучоци, мерки и препораки на Владата, до надлежните организациони единици за човечки ресурси во нивните институции да достават своја лична писмена изјава под морална, материјална и кривична одговорност дека во секое време ќе бидат достапни на работодавачот за вршење на службени работни задачи и обврски од својот дом, преку комуникација со електронска пошта, или пак, во текот на денот во итни ситуации да бидат и физички на своето работно место, во период од два до три часа. 

4. Владата им препорачува на сите работодавачи  односно на секое раководно лице во институциите, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата и начинот на работата на вработените преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата.

5. Директорите/управителите на погони/фабрики на сите институции се задолжуваат да го прилагодат своето работно време и производството согласно забраната за движење во предвидениот временски период од 21:00 – 06:00.

6. Компаниите со производствени капацитети потребно е да се придржуваат до следните препораки за заштита на работниците во врска со организирање на работниот процес, кои како препораки се објавени од страна на Министерството за труд  и социјална политика:

а.Во  погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мера да работниците бидат на растојание од 1,5 до 2м.

б.Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција нa раце и работни површини.

в.За време на работното време од страна  на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциони средства на база на алкохол).

г.Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).

д.Eднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните, од овластена служба за тоа.

ѓ.Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и се пријавува до надлежен Центар за јавно здравје.

е.Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административнитеслужбеници.

ж.Во случај на потреба од административн аработа, потпишувањето на хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштитна маска и ракавици).

з.Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема.

ѕ.Возачите кои дистрибуираат готовипроизводи, репро материјали, хартиени документи, исто така да носат лична заштитна опрема.

и.Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил.

7.Се упатува препораката до приватниот сектор во однос на сите донесени заклучоци, мерки и препораки од Владата за моменталната ситуација, да се следат и да се почитуваат.

8. Посебни одредби од информативен карактер за вработените, кои важат и се должни да ги почитуваат сите граѓани на РСМ

a.Задолжително да се одржува растојание од 2 метри помеѓу лицата;

б.Задолжително да се следат препораките за лична хигиена и заштита на здравјето објавени од Министерството за  здравство;

в.Да се почитува забраната за собирање на населението во групи поголеми од 5 (пет) лица во период од  06:00 - 21:00 на јавни места и површини;

г.Полициски час: се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден. Дополнително, се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст од 67 години, вовременски период од 11:00 часот до 5:00 часот наредниот ден. Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот на редниот ден, и се забранува движење на возила одјавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден. За време на викендот, движењето ќе биде дополнително ограничено, односно забраната за движење ќе важи од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

 

Сите субјекти се должни да ги почитуваат и да се придржуваат кон мерките усвоени од Владата.



Галерија

Веб страна:

www.tab-mak.mk

Емаил

info@tab-mak.mk

Телефон

00389 (0)32 481 501

Контакт

  • Адреса: Македонски Револуционери
    50, Пробиштип, Р.С. Македонија
  • Емаил: info@tab-mak.mk
  • Веб страна: www.tab-mak.mk
  • Телефон: 00389 (0)32 481 501

FACEBOOK

© 2019 Developed by UNET. All Rights Reserved.