Веруваме дека вложувањето во младите значи вложување во подобра иднина! Затоа, со гордост го поддржавме овој проект и ни претставува чест што сме дел од иницијатива која поттикнува иновации и позитивни промени.
Тимот Green Forces се издвојува со своето иновативно решение – соларни клупи, чија цел е да овозможат одржлива енергија во јавниот простор, преку полнење на мобилни уреди и користење на обновливи извори на енергија.
Нека ова биде само почеток на уште поголеми успеси и силен поттик за сите да веруваат во своите идеи и храбро да чекорат кон нови предизвици.
Горди сме на вас и ќе продолжиме да Ве поддржуваме!