По повод Светскиот ден на детето, ТАБ МАК организираше ликовен конкурс за децата на вработените во ТАБ МАК. Учеството и подршката на нашите најблиски се основата на кој го градиме нашиот успех. Секој од нашето семејство игра клучна улога во нашите заеднички успеси и без нивната подршка и мотивација, многу нешта не би биле возможни.
Ликовниот конкурс беше на теми ,,Пријателство”, ,,Светот низ моите очи” или ,,Моето омилено место”.
Право на учество имаа децата на вработените :
прва група: децата од 4 годишна возраст до 8 годишна возраст
втора група: децата од 9 годишна возраст до 13 годишна возраст
трета група: децата од 14 годишна возраст до 17 годишна возраст
За сите учесници на ликовниот конкурс се доделени медали и благодарници за вложениот детски и креативен труд. Наградите се доделија на деновите на отворени врати. За најдобрите три категории се доделени ваучери за спортска опрема од Спорт М во износ од 2.000, 2.500 и 3.000 денари.