Настанот Денови на отворени врати се реализираше и 2024 година.
Поради големиот број на заинтересирани граѓани, денови на отворени врати освен во најавените термини 27.11 (присутни ученици од Пробиштип и ученици од Кочани), 28.11 (присутни пензионери), 29.11 (семејствата на вработените), се продолжи и на 02.12 (ученици од Пробиштип и лицата со посебни потреби од Пробиштип).
На настанот посета извршија околу 500 заинтересирани лица, кои и оваа година имаа можност одблиску да ја погледнат нашата секојдневна работа, производство, иновации, со целосна обиколка во нашите производствени погони.
Заинтересираните лица имаа можност да се запознаат со нашите тимови, професионалци, да постават прашања и да добијат одговор за работата на нашата фирма.
На настанот имавме можност повторно да ја покажеме нашата општествена одговорност со донација на училиштето СОУ Ѓошо Викинтиев Кочани, батерија CLEVER 2.1 со капацит од 5.1 kw, која се полни од сончевата енергија. Батеријата на училиштето би помогнала во делот на тренинг центарот на учениците, како и за осветлување на училишниот двор.