AGM Stop & Go
Акумулаторите VESNA AGM Stop & Go се олово-киселински акумулатори регулирани со вентили, наменети за употреба во возила со напредно ниво на „старт-стоп“ функција, што вклучува враќање на енергијата од сопирање. Акумулаторот VRLA AGM е олово-киселински акумулатор унапреден до максимални перформанси. Ќелиите на акумулаторот се затворени со вентил за ослободување притисок, а електролитот е имобилизиран со апсорбирана стаклена волна (AGM).
Плочите во ќелиите се држат под притисок.
НАПРЕДНАТА ГРАДБА НА АКУМУЛАТОРОТ ДОВЕДУВА ДО ПОДОБРЕНИ ПЕРФОРМАНСИ:
+ Многу ниска потрошувачка на вода, како резултат на внатрешната кислородна рекомбинација,
+ Спречување на активниот материјал да се прелева и дава тројно повеќе цикличен капацитет од стандардните акумулатори, а може да се празни многу повеќе без губење на функционалноста
+ Зголемена стартна моќ како резултат на подоброто искористување на волуменот на ќелиите за повеќе од 30%
+ Висок степен на полнење на енергијата за време на возење
+ Наносот на активен материјал од двете страни обезбедува подобра отпорност на корозија, што обезбедува подолг животен век
+ Нема стратификација на киселината како кај потопените ќелии
+ Безбедност од експлозија – минимална појава на експлозивни гасови
+ Отпор на вибрации и нема истекување на киселина во случај на оштетување
VESNA AGM Stop & Go
AGM стартер батерии, Ca/Ca технологии | батерии за АВТОМОБИЛ