ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ И УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Во фирмата ТАБ МАК д.о.о. Пробиштип се стремиме кон непрекинато утврдување и подобрување на нашата конкурентска глобална положба во областа на производство и продажба на оловно-киселински батерии.

Раковоството на  фирмата ќе ги исполни сите услови, кои што се потребни за достигнување на поставените цели и непрекинато подобрување на ефикасноста на системот за управување со квалитетот и животната средина.


Раководството се обврзува да создаде услови, кои што ќе овозможат производство и продажбата на производи во согласност со домашните и меѓународните законски прописи и стандарди, како и да бидат исполнети сите барања од клиентите со цел зголемување на нивното задоволство.


Во своето работење ќе се грижиме, нашето влијание врз животната средина да биде минимално и во рамките на пропишаните законски граници, прописи и договори со сите заинтересирани страни што важат во Република Северна Македонија и на сите пазари, каде што ќе работи фирмата. 


Исто така, ќе се грижиме за безбедноста и здравјето на вработените на работните места, како и за нивната мотивираност. Ќе овозможиме добивање на потребното знаење за обезбедување на соодветна обука.

Препознатливоста и угледот меѓу клиентите и во пошироката јавност сакаме да ја достигнеме со конкурентност, сигурност и квалитетни производи и со заложувањето на раководството и сите вработени при заштитата на животната средина и спречувањето на загадувањето. 

Целта на фирмата е да биде подобра од конкурентските фирми што ќе го постигнеме на следниот начин:

  • следење на водечките глобални друштва како и воведување на нова технологија и производи во областа на оловно-киселински батерии,
  • намалување на потрошувачката на енергеси и количини отпад по единица производ,
  • употреба на најдобрата достапна технологија (БАТ) при исполнувањето на барањата за дозвола за заштита на животната средина,
  • достигнување на највисок можен степен за рециклажа на оловен и друг отпад,
  • ќе го одржуваме и подобруваме интегрираниот систем за управуванје со квалитетот и животната средина според стандардите ИСО 9001:2015 и ИСО 14001:2015,
  • ќе ги препознаваме и оценуваме аспектите од животната средина според нивната важност,
  • спречување на повреди и нарушување на здравјето на работното место врз основа на оцена на ризикот и постојано препознавање на опасноста,
  • исполнување на барањата за заштита и здравје при работа во врска со максималната дозволена вредност на Пб во крвта на вработените,
  • остварување профит.


Целите ќе ги оствариме со заеднички сили на сите вработени, како и со соработка со нашите деловни партнери и други заинтересирани странки, кои што ќе бидат вклучени во работењето на друштвото. Политиката е достапна за јавноста на интернет страницата на фирмата ТАБ МАК.


Пробиштип, Април 2020

Директор ТАБ МАК

Петер ВЕРЧКО

 

Веб страна:

www.tab-mak.mk

Емаил

info@tab-mak.mk

Телефон

00389 (0)32 481 501

Контакт

  • Адреса: Македонски Револуционери
    50, Пробиштип, Р.С. Македонија
  • Емаил: info@tab-mak.mk
  • Веб страна: www.tab-mak.mk
  • Телефон: 00389 (0)32 481 501

FACEBOOK

© 2019 Developed by UNET. All Rights Reserved.