„Најдоброто од Истокот“

На 26.02.2016 година во ресторан Москва во Свети Николе пред повеќе од 200 посетители се одржа свечено доделување на признанијата „Најдоброто од Истокот", настан во организација на Активот на новинари „Исток" при ЗНМ, во кој новинарите од овој регион ги прогласуваат најдобрите репрезенти на регионот во областа на стопанството, образованието, здравството, културата, екологијата, иновативност...

Признанието на новинарите од Источниот регион за посебен придонес во неговиот развој како најдоброто во стопанството го доби Друштвото за производство на акумулатори „ТАБ МАК ДОО" Пробиштип. Управителот на Друштвото-Петер Верчко кој го прими признанието изрази голема благодарност и истакна дека добивањето на оваа награда претставува чест и стимул за уште поуспешна работа и поголеми остварувања.

Извор Утрински Весник



Галерија

Веб страна:

www.tab-mak.mk

Емаил

info@tab-mak.mk

Телефон

00389 (0)32 481 501

Контакт

FACEBOOK

© 2019 Developed by UNET. All Rights Reserved.