ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ И УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

 

Во фирмата ТАБ МАК се стремиме кон непрекинато утврдување и подобрување на нашата конкурентска глобална положба во областа на производство и продажба на оловно-киселински батерии.

Раководството на фирмата ќе ги исполни сите услови, кои што се потребни за дотигнување на поставените цели и непрекинато подобрување на ефикасноста на системот за управување со квалитет и управување со животната средина.

Раководството се обврзува да создаде услови, кои што ќе овозможат производството и продажбата на производи во согласност со домашните и меѓународните законски прописи и стандарди, како и да бидат исполнети сите барања од клиентите со цел зголемување на нивното задоволство.

Во своето работење ќе се грижиме, нашето влијание врз животната средина да биде минимално и во рамките на пропишаните законски граници, кои што важат во Македонија и на пазарите, каде што ќе работи фирмата. Исто така, ќе се грижиме за безбедноста и здравјето на вработените на работните места, како и за нивната мотивираност. Ќе овозможиме добивање на потребното знаење за обезбедување на соодветна обученост.

Целта на фирмата е да биде подобра од конкурентските фирми. Препознатливоста и угледот меѓу клиентите и во пошироката јавност сакаме да ја достигнеме со конкурентност, сигурност и квалитетни производи.

  • Следење на водечките глобални друштва како и воведување на новата технологија и производи во областа на оловно-киселински батерии,
  • Намалување на потрошувачката на енергија и отпад по единица производ,
  • Употреба на најдобрата достапна технологија (ВАТ) при исполнувањето на барањата за дозвола за заштита на животната средина,
  • Достигнување на највисок можен степен за рециклажа на оловен отпад,
  • Понатамошно одржување и подобрување на системот за управување со квалитетот ISO 9001,
  • Добивање на сертификат за управување со животна средина ISO 14001,
  • Спречување на повреди и нарушување на здравјето на работното место врз основа на оценување на ризикот и постојано препознавање на опасноста,
  • Исполнување на барањата за заштита и здравје при работа во врска со максималната дозволена вредност за присуство во Pb во крвта на вработените,
  • Остварување профит

Целите ќе ги оствариме со заеднички сили на сите вработени, како и со соработка на нашите деловни партнери, како и соработка со нашите деловни партнери и други заинтересирани странки, кои што ќе бидат вклучени во работењето на друштвото. Политиката е достапна за јавноста на интернет страницата на фирмата ТАБ МАК.

Пробиштип, јануари 2018

 

Директор ТАБ МАК

 

 

Петер Верчко