Учество на ТАБ МАК ДОО во студенски проект при Електротехничкиот Факултет

24.06.2016 на факултетот за електротехника и информациски технологии се изврши презентација на првата фаза од студентскиот проект,реализација на електрично возило картинг.Во неговата изработка се вклучени група студенти под покровителство на самиот факултет и бројни спонзори.

Повеќе...

Друштвото на младински пријатели од Корошка

Друштвото на младински пријатели од Корошка (Društvo prijateljev mladine Koroške) заедно со ТАБ МАК организираа зимување во Крањска Гора во Словенија, за 30 деца на училишна возраст од Пробиштип, во периодот од 9 до 12 февруари. Беше организиран одмор на снег во друштво со врсници од Словенија, со богата забавна и образовна програма. Зимскиот одмор за децата претставува зајакнување на здравјето, одмор и дружење, забава и креативност. Децата учеа да скијат, ја посетија скокалницата во Планица, се забавуваа на карневалот и си поминаа навистина убаво.
Среќни сме и горди што можевме да им го овозможиме тоа.

 

Повеќе...

„Најдоброто од Истокот“

      На 26.02.2016 година во ресторан Москва во Свети Николе пред повеќе од 200 посетители се одржа свечено доделување на признанијата „Најдоброто од Истокот", настан во организација на Активот на новинари „Исток" при ЗНМ, во кој новинарите од овој регион ги прогласуваат најдобрите репрезенти на регионот во областа на стопанството, образованието, здравството, културата, екологијата, иновативност...
      Признанието на новинарите од Источниот регион за посебен придонес во неговиот развој како најдоброто во стопанството го доби Друштвото за производство на акумулатори „ТАБ МАК ДОО" Пробиштип. Управителот на Друштвото-Петер Верчко кој го прими признанието изрази голема благодарност и истакна дека добивањето на оваа награда претставува чест и стимул за уште поуспешна работа и поголеми остварувања.

Повеќе...

ТЕХНОМА 2015

Од 13-17 Октомври на Скопскиот Саем се одржа меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, ТЕХНОМА 2015.

 

Повеќе...

Повеќе артикли...