РЕЦИКЛАЖА

Фирмата ТАБ МАК покрај производството на оловни акумулатори има уште и Погон за рециклажа на отпадните оловни акумулатори и друг отпад којшто содржи олово.

Погонот за рециклажа во фирмата ТАБ МАК е единствен погон во Македонија, којшто уреди и технологија за преработка на потрошени оловно-киселински акумулатори и друг отпад со оловна основа. Со модерната опрема, знаењето и филтирачките уреди, погонот обезбедува највисок степен на препработка на сите производи, и притоа се грижи, влијанието од дејноста врз околината да биде што е можно помало и во рамките на законските прописи.  Грижата за животната средина и безбедноста на вработените се вредности на коишто фирмата им посветува посебно внимание.  

Грижата за животната средина, покрај производството и еколошкото рециклирање на употребувани оловно батерии е главна задача на фирмата.

Отпадните суровини ги преработуваме во производи, коишто употребуваат за повторна изработка на акумулатори:

  • Рафинирано олово,
  • Оловна легура,
  • Полипропиленска пластика.

Во склоп на рециклажата ги имаме следниве уреди:

  • Складиште на суровини,
  • Сепарација на потрошени акумулатори со систем на технолошки  води,
  • 2 тапанасти печки,
  • Рафинирање,
  • Уреди за филтрирање
  • Помошни инфраструктурни објекти.